Отворен ден со првачињата во нашето училиште
Работилници организирани од наставниците, за учениците и родителите:
Ia - одд. наставник Даниел Митревски, работилница: ,,Здрава храна"
Iб - одд. наставник Даниела Јовановска, работилница: ,,Есенска работилница"
Iв - одд. наставник Доста Илиевска, работилница: ,,Есенска сликовница"
Iг - одд. наставник Весна Котевска, работилница: ,,Пирамида на исхрана"
На 21.10.2024 – наставниците, одделенски раководители на прво одделение, реализираа креативни работилници. Учествуваа сите ученици, заедно со родителите и најблиските членови на семејството. Беа изработени прекрасни креации, изработки од природен материјал (листови, плодови, гранчиња) од непосредната околина.
Се изработуваа постери и пирамида на здрава исхрана.
Учениците покажаа што знаат за есента и за здравата храна преку своите изработки, цртежи и раскази.
Искрена благодарност за одличната соработка, меѓусебното дружење на сите кои учествуваа во работилниците.
