Креативно пишување

Во рамките на програмата по повод патрониот празник на ООУ,,Стив Наумов", учениците од нашето училиште заедно со учениците од

СОУГ,,Јосип Броз Тито" Битола ќе учествуваат во работилница за креативно пишување. Работилницата ќе се одржи во просториите на НУУБ,,Св. Климент Охридски" Битола од страна на наставничките Магдалена Сајкова, Марија Трифуновска Тасеска и професорката Биљана Т. Димко

 

На 24.10.2024 се одржа работилница за креативно пишување. Работилницата ја одржаа наставничките Магдалена Сајкова и Марија Трифуновска Тасеска во соработка со професорката Биљана Димко од СОУГ,,Јосип Броз Тито,, и во соработка со НУУБ ,,Св. Климент Охридски" Битола.
Учениците добија насоки и совети како да пишуваат развивајќи свој стил по кој ќе станат препознатливи. Исто така научија како да го одберат својот извор што најмногу допира до нив и преку него да стигнат до која било дадена тема. Ги искористија советите и насоките за да создадат свои творби и беа наградени со книги во кои имаше порака: Продолжи да пишуваш!
Ова беше одличен настан за поттикнување и водење на младите таленти кои се впуштаат низ водите на буквите.
 

ОУ Стив Наумов - Битола