На 1.11.2024 година во ООУ ,,Стив Наумов," во Битола, психологот Марина Кузмановска одржа интерактивна работилница на тема ,,Врсничко насилство" со учениците од V-A одделение. 
Децата активно учествуваа, придонесувајќи со свои идеи и учејќи како да спроведат кампања на тема ,,Булинг." Со својата креативност, тие направија важни чекори кон разбирање и спречување на врсничкото насилство, покажувајќи дека се подготвени да работат на создавање побезбедна и поддржувачка средина за сите.
