ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ И ЕКИПИ ЗА 2024 ГОДИНА

Во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка од Општина Битола, синоќа во Народниот театар се одржа 61 по ред манифестација „Избор на најдобри спортисти и  екипи на Битола“.

Претседателот на Сојузот на спортови, Сашко Павловски, ги поздрави присутните, нагласувајќи дека големиот број на пријавени спортисти кои конкурираа за наградите говори за развојот на спортот во изминатата година, а комисиите на Сојузот на спортови и Управниот одбор немале лесна работа да го направат изборот на најдобрите, а Сојузот се потруди да награди и поединци, клубови и компании кои дале продинес во спортот и направиле добри резултати надвор од натпреварувачките шампионати.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, честитајќи им на добитниците на наградите нагласи дека влогот кој го има локалната самоуправа, како во финансиска поддршка, така и во постепено обезбедување на соодветна инфраструктура, покажува дека сите планови и инвестиции се оправдани, затоа што со вака врвни спортисти, докажано е дека на Битола и се потребни спортски сали, спортски игралишта, спортски комплекс.
„Затоа, заложбата на општината мора да биде насочена на подобрување на условите на сите нивоа, од училишните спортски сали и игралишта, од кои дел направивме, а дел оваа година ќе ги градиме и реконструираме, боксерската сала, до објектите за професионален спорт, во кои продолжуваме да вложуваме, како што тоа го направивме во спортската сала “Боро Чурлевски“, како и подобрувањето на инфраструктурата на стадионот „Петар Милошевски“.
На синоќешната манифестација беа доделени и посебни признанија како екипни победници на ноќна трка “4-ти Ноември“, наградени беа ОOУ “Стив Наумов“ и гимназија “Јосип Броз Тито“.
 

ОУ Стив Наумов - Битола